Осигурување што го разбираат и луѓето и AI агентите.
Условите за осигурување се пишувани за правници. Ние ги пишуваме за луѓе — и за AI асистентите што луѓето веќе ги прашуваат.
Што правиме
Ги земаме објавените услови за осигурување и ги претвораме во јасни одговори: што е покриено, што не е, и во кој член тоа пишува. Секој одговор има извор што може да се провери.
За луѓе
Прашај на свој јазик и добиј одговор со цитат од условите — без ситни букви.
„Ми протече вода од соседот одозгора. Дали сум покриен?“→ одговор + член од условите
За AI агенти
Машински читлив каталог преку Model Context Protocol, за асистентите да одговорат точно наместо да погодуваат.
check_coverage(household, "water_leak")→ статус + цитиран член
Статус
Приватен прототип. Прв производ: осигурување на домаќинство во Северна Македонија.
Што не сме
Insuraj не е осигурител ниту посредник во осигурување. Не продаваме и не склучуваме полиси и не даваме совет за осигурување. Конечните услови секогаш се оние во полисата.